Соработка меѓу хотелскиот бренд Hilton и Uber

16

Uber-HiltonWorldwide_c-1

Познатиот хотелски бренд Hilton и такси компанијата Uber на почетокот на овој месец го објавија заедничкото партнерство преку кое гостите на хотелот може да повикуваат такси, доколку се корисници на програмата HHonors на хотелот, пишува Tech Crunch.

Од Uber веруваат дека соработката со Hilton ќе им овозможи поголемо и подобро искуство на нивните гости.

Апликацијата ќе им овозможи на гостите во хотелот да си резервираат такси преку апликацијата Ride Reminder.

“Гостите можат да го наместат Ride Reminder преку резервацијата во хотелот Hilton на нивниот паметен уред или онлајн. Преку оваа апликација автоматски ќе добијат известување за денот на патување, по што ќе биде многу полесно да повикаат такси преку Uber“, пишува Uber newsroom.