Сорос ги зголеми инвестициите во технолошки компании

69

Soros Fund Management ги зголеми своите акции во големите технолошки компании по нивниот пораст во последниве недели, додавајќи повеќе од 200 милиони долари во акции на American Campus Communities.

Инвестициската компанија на Џорџ Сорос (92) ги зголеми своите акции, меѓу другите, во Amazon, Salesforce и Alphabet.

Фирмата со седиште во Њујорк, исто така, додаде нова позиција од 20 милиони долари во Tesla на Илон Маск, иако тоа претставува само околу 0,4 отсто од портфолиото на американските акции на Сорос од 4,6 милијарди долари, кое се намали за 664 милиони долари во вториот квартал. Други нови инвестиции вклучуваат 168 милиони долари во акции на Alleghany Corp и 201,5 милиони долари во акции на American Campus, кои Blackstone Inc. се согласи да ги купи во април, објави Блумберг Адриа.

Технолошките акции пораснаа од почетокот на годината, при што Nasdaq 100 порасна за повеќе од 20 отсто од најниските нивоа од средината на јуни. Американските акции напредуваа четврта недела по ред, што е најдолга серија на неделни добивки од ноември.