Сорос и Гејтс купуваат компанија која прави медицински тестови

48

Милијардерите Џорџ Сорос и Бил Гејтс се дел од конзорциумот што ја купува британска компанија којашто се занимава со технологија на медицински тестови и која планира да ја трансформира во социјално претпријатие со цел побрзо и поевтино да ги дијагностицира тропските болести во сиромашните земји.

Групата, предводена од Soros Economic Development Fund, ќе инвестира најмалку 30 милиони фунти во Mologic, која прави на тестови, вклучувајќи ги и оние што се користат за Ковид-19.

Mologic е основан од професорот Пол Дејвис, еден од креаторите на оригиналниот тест за бременост ClearBlue и неговиот син Марк, со седиште е во Бедфорд, на југоистокот на Англија, а новото име на компанијата ќе биде Global Access Health, пренесува Bonitet.

Заедно со SEDF на Сорос, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс исто така го поддржува откупот на британската компанија, која во моментов е во сопственост на LLP Foresight Group и Calculus Capital.

Фото: Pixabay