Состаноците на ММФ и Светска банка на пролет ќе се одржат во виртуелен формат

43

Состаноците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка во април во Вашингтон, на кои обично има десетици илјади учесници годинава ќе се одржат во виртуелен формат. Откажувањето е поради корона вирусот, најавија официјалните претставници на двете институции во заедничко соопштение.

“Како што расте загриженоста од ширењето на вирусот, администрациите на ММФ и Светската банка и нивните управни совети се согласија да одржат виртуелни состаноци  на пролет 2020 година“, изјавија генералниот директор на ММФ, Кристалина Гоергиева и Давид Малпас, претседател на Светската банка.

Двајцата челници истакнаа длабока загриженост за развојот на епидемијата од корона вирус и човечката трагедија.

За време на овие состаноци, ММФ и Светската банка ќе ги објават и презентираат предвидувањата за глобалниот економски раст.

Во склоп на овие настани ќе се одржи и состанокот на Г20.

Фото: Pixabay