Состанок

109

sostanok

Фото: Pexels

„Собир на две или повеќе лица кои дискутираат на една или повеќе теми, најчесто во формална средина”

– дефиниција според википедија

Изгледа можеби смешно, но состаноците се составен дел од нашиот живот. Дома, на работа, со пријатели… цело време сме на некој состанок, но колку се тие продуктивни? Колку тие навистина имаат потенцијал и дали од нив нешто ќе биде?

Бидете сигурни дека тоа зависи најмногу од вас. Некогаш, можеби треба да имаме и „непродуктивни” состаноци, но барем и од нив да изведеме некој заклучок:

  • Што после состанокот (дали со овој состанок-средба, само си потврдивме дека не треба или треба да продолжиме понатамошна комуникација на темата со таа или тие личности?
  • Дали и друг пат ќе ја направам истата грешка?!

Целата работа е секој состанок/средба да бидат продуктивни и да имаме некаков бенефит од нив. Во спротивно, можат да предизвикаат:

– замор (поради нивната долготрајност, а и неефикасност)

– трупање на незавршени други обврски (одлагање на други поважни обврски)

Затоа, ајде да почнеме да имаме ефективни и ефикасни состаноци, и да направиме тие да имаат некаков „бенефит” за нас:

  • Цели на состанокот или средбата – уште кога ќе го закажувате, дефинирајте ги целите, по можност заедно со другата страна.
  • Инфо – ако е потребно, испратете информации пред средбата, со цел за подготовка на другата страна околу темите на дискусијата.
  • Учесници – пред состанокот инсистирајте на средбата да бидат луѓе со кои ќе може да донесете некакви заклучоци.
  • Агенда – дефинирајте ја агендата на состанокот и времето, и гледајте да се придржувате до распоредот.
  • Време – дојдете на време, но доколку доцните, известете ги потенцијалните учесници за тоа. Ценето го времето на другите и бидете професионални.
  • Технологија – во денешно време, употребата на технологија е дозволена. Сè повеќе луѓе ги користат своите електрични уреди за забелешки, но внимавајте да ги користат само за тоа.
  • Прибелешки – земајте прибелешки од состанокот кои после ќе ви помогнат околу тоа да знаете за што сте зборувале и што сте се договориле.
  • Резиме – на крајот на состанокот, поминете набрзинка преку сите работи што сте ги разговарале и заклучоците што сте ги донеле. Тоа ќе ви помогне и полесно да го составите. На крај, би било убаво да го споделите со сите кои биле присутни на средбата (со дефинирани временски рамки на исполнување на задачите).
  • Follow up – ако е тоа ваше задолжение, тогаш имајте ја контролата на работите под свое. Контактирајте ги инволвираните на средбата после одреден период за да видите до каде се со исполнувањето на своите обврски.

Внимавајте, состаноците знаат да бидат многу досадни и да консумираат многу од вашето време, па затоа од вас најмногу зависи дали ќе го дозволите тоа или не.

Со успех во промените.