SoundSport – безжични слушалки што не пропуштаат бучава

29

cq5dam-web-1000-1000

Фото: Bose

Американската компанија Bose создаде безжични слушалки со гумени чашки коишто ги држат слушалките безбедно во вашите уши и ја сведуваат надворешната бучава на минимум, пишува Mashable.

Наречени се SoundSports и се специјализирани за оние кои вежбаат. Производителот тврди дека се отпорни на пот и вода и дека можат да издржат пет часа без полнење, а во случај на губење, слушалките можат да се најдат преку апликација Find My Buds.

Доаѓаат заедно со полнач со којшто можете да се полнат и во движење. SoundSport Free имаат вградени копчиња преку коишто го контролираат телефонот, додека антенскиот систем придонесува за одлична поврзаност помеѓу двете слушалки и уредот од кој што слушате.

Слушалките можат да се нарачаат по цена од 249,99 долари, а првите испораки се очекуваат во октомври. На почетокот ќе бидат достапни само во црна боја, а оние што сакаат сино – жолти слушалки ќе мора да почекаат уште некое време.