“Совеста не нѝ дозволува“ – Германски синџир одбива да продава зејтин по цена од 5 евра

1504

Цените на храната во Германија драстично „скокнаа“ од почетокот на руската инвазија врз Украина. Тоа се забележува особено, кај продажбата на масло во германските супермаркети, пишуваат локалните медиуми.

Цената на сончогледовото масло, која пред војната беше помалку од 1,5 евро за литар, е три пати повисока и моментално е околу пет евра.

Некои супермаркети ја ограничија продажбата на сончогледово масло и брашно за да не се создаваат залихи кај граѓаните.

Трговскиот синџир Едека во Тренделбург повеќе не сака да продава зејтин по вакви цени, а веќе ги посочија натписите на кои пишува дека не продаваат зејтин.

„Не очекувавме ситуацијата да се развие во насока во која се разви. Ставивме знак на полицата за масло со објаснување зошто повеќе не продаваме зејтин. Сончогледовото масло нема да го продаваме за 4,99 евра за литар. Ние се оградуваме од овие цени. Има граници – изјави менаџерката на продавницата Ања Милер за германски RTL, додавајќи дека клиентите добро реагирале на нивниот потег.

„Маслото е апсолутна храна и не смееме да ја продаваме  по толку високи цени. Има дури и луѓе кои продаваат зејтин на E-bay. Јас само сакам да си ја работам секојдневната работа без црниот пазар. Совеста не ни дозволува да продаваме зејтин по толку високи цени“, вели таа.