Совети за brainstorming додека работите од дома

112

Brainstorming-от може да биде непријатен, а особено ако се одвива преку интернет. Сепак, постојат начини како да извлечете повеќе од тимот иако физички не се сите присутни во една просторија за да се развие дебата.

Порталот Startit, нуди пет совети што можат да се земат предвид кога се развива дискусија за некоја нова идеја, план или проект, додека колегите работат од дома.

Запишувајте сè

Доколку постои една работа што луѓето мора да ја запаметат, тоа е важноста за запишување. Затоа, запишувајте ги инструкциите за brainstorming. Кога запишувате, вашите колеги се сигурни дека добро ги разбрале сите детали и имаат опција да проверат ако нешто заборавиле. Поделете информации на кои луѓето треба да се повикаат во текот на извршување на активностите.

“Загрејте се“ за употреба на нови алатки

Кога почнувате да работите од дома, луѓето ги запознаваат апликациите на сосема поинаков начин. Доколку постепено ги воведувате, ќе создадете атмосфера без притисок во којашто полесно ќе се навикнат на новите контролни механизми и однесување на апликациите.

Бидете флексибилни

Секој го знае својот начин преку којшто станува најкреативен, но тоа не е нешто што може да се промени преку ноќ, бидејќи условите сега се поразлични. Во периодот на транзиција, сигурно ќе се појават некои предизвици, но поголемиот дел од нив може да се предвидат и испланираат.

Олеснете го процесот

Поважно од кога и да е е да водите редовни состаноци, бидејќи кога ќе се исклучат камерите и микрофоните, нема да може да процените како реагираат останатите колеги.

Побарајте повратна информација

Разговарајте околу состаноците со тимот и размислувајте на темата. Фидбекот што го барате после состанокот ќе треба да биде во услови во кои членовите на тимот ќе можат да го напишат на свој начин и во свое време.

Фото: Pixabay