Совети за хроничен воркохолик

67

Сè што е претерано не е добро. Воркохолиците поголемиот дел од времето го поминуваат на работа, измислувајќи нови стратегии, сонувајќи за нов успех. Важно е да имате страст кон работата што ја работите. Меѓутоа, кога вашиот приватен живот, здравје и односи страдаат затоа што премногу сте фокусирани на работата, станува нездраво. Затоа, неопходно е да пронајдете рамнотежа во животот и да го смирите гласот на воркохоличарот во себе.

Овие совети ќе ви помогнат во поставувањето баланс.

Поставување граници

Една од најтешките работи којашто воркохоликот треба да ја научи е да кажува “не“. Поставувањето на граници е клучно за филтрирање на работите кои само го трошат времето и енергијата.

Планирање вечера и викенд однапред

За воркохоликот карактеристично е секој работен ден да биде испланиран со задачи, проекти, состаноци. Истата шема треба да биде и за неработните денови односно планирање на викендите за посета на некои места и поминато време со семејство и пријатели.

Патување

Понекогаш не е доволно само да се остави мобилниот телефон и компјутерот за да се оттргнете од работа. За да го промените секојдневието и посветите внимание на себе, најдобро е да испланирате некое патување.

Исклучете ги технолошките уреди

Современата технологија денес овозможува да се работи на секое место во секое време. За жал имате впечаток дека мора да сте располагање цело време. Затоа во слободното време најдобро е да се исклучат известувањата на мобилниот уред, бидејќи времето кое го поминувате со семејството без постојано гледање во телефонот сигурно ќе биде поквалитетно.

Фото: Pexels