Совети за успех во кариерата што немаат цена

221

topce

Фото: Pixabay

Секогаш бидете љубезни кон личноста на рецепција кога одите на разговор за работа, не можете да претпоставите кого сè тој/таа познава.

Слабоста за која што сте најмалку свесни ќе ви создаде најмногу проблеми. Затоа, искористете ги препреките во кариерата за да ги дознаете вашите слаби страни.

Научете правилно да ги користите прашањата. Од нив може многу да научите, да добиете и да давате одговори, да бидете ментор и сами да го создадете вашиот углед.

Немојте само да барате одредена прилика, гледајте малку и на другата страна. Луѓето кои имаат искуство во различни полиња побрзо напредуваат од оние кои имаат повеќе искуства на едно поле.

Не трудете се да бидете подобри, бидете поинакви. Можеби го немате бараното искуство, но ако покажете како вашиот талент може да придонесе за успех на компанијата, подобро ќе поминете од оние кои одговараат на профилот од огласот.

Понекогаш е добро да ги поделите заслугите дури и ако вие сте го завршиле најголемиот дел од работата. Така ќе создадете сојузници и ќе направите добар тим.

Отворено зборувајте за грешките. Луѓето повеќе ќе ве почитуваат ако видат дека сте подготвени да ризикувате и не се срамите да учите од неуспехот.

Вашите најголемите цели на работното место треба да бидат учењето и придонесот. Успехот и унапредувањето ќе дојдат потоа.

Не напредувате затоа што ја работите добро својата работа, туку затоа што ги извршувате добро работите што не спаѓаат во описот на вашето работно место.

Богатството и успехот се два различни поими. Богатството за различни луѓе има различно значење и не секој што е богат е задоволен и среќен.

За да добиете поголема одговорност прво мора да стекнете доверба со малите работи.

Вашата кариера во голем дел е само концепт што постои во вашата замисла. Она што навистина го имате се низа работи што заедно ја чинат приказната која сте задолжени да ја напишете.