Совети за успешен почеток на новите менаџери

27

maz

Фото: Pixabay

Се наоѓате пред нова улога на работното место, а со самото тоа и нови предизвици на коишто треба паметно да одговорите. Да се биде менаџер не е едноставно, а уште потешко е да се биде успешен во креирање на тим со нов водач од кого сите очекуваат многу.

Еве на што треба да внимавате кога ја превземате менаџерската позиција во компанијата.

Научете го бизнисот

Не брзајте. Иако сте во искушение да започнете со новата улога, првите месеци учете, слушајте и набљудувајте. Запомнете што е клучно за успешен старт на новата задача. Бидете скромни и трпеливи, со време ќе оставите печат онака како што треба.

Запознајте ги луѓето

Не судете без разлика што се слушнале. Запознајте ги луѓето, одредете време за да разговарате со сите индивидуално. Вие сте нови на позицијата, а со тоа и нова шанса за сите. Анализирајте ги и додека работат за да добиете целосна слика за нивните профили. Покажете почит кон постарите и достојно однесувајте се кон сите.

Поставете јасни цели

Го имате вниманието од останатите. Искористете го и поставете ги очекувањата и целите што е можно поскоро. Прецизирајте ги улогите на сите и како истите се вклопуваат во визијата што ја имате. Помогнете им на вработените да разберат дека вложениот труд ќе биде исплатлив во секој поглед.

Пресретнете ги проблемите

Порано или подоцна нешто ќе тргне наопаку. За да ја избегнете непријатноста од изненадувањето, не чекајте проблемот да се појави. Наместо тоа поставувајте прашања, истражете наоколу, така ќе бидете навреме подготвени и полесно ќе ја решите секоја ситуација.

Бидете искрени со себе си

Направете анализа на вашиот менаџерски стил и тимската работа. Кај менаџерите кои не работат ефикасно проблемот е во тоа што одбегнуваат да ги согледаат своите слабости. Затоа не се залажувајте, бидете искрени кон себе си и што побрзо најдете начин да ги зајакнете слабите точки.

Дајте позитивен пример

Вашите луѓе ги присвојуваат вашите грижи, однесувањето, свесно или несвесно. Затоа бидете пример каков што сакате вработените да следат. Потрудете се да зрачите со самодоверба и доследност. Признавајте ги грешките, ако сакате и другите да го прават тоа. Бидете достапни и позитивни. Луѓето повеќе гледаат што правите отколку што слушаат што зборувате.

Емоциите во заден план

Ако постои цена за лидерската позиција тоа е прикривање на емоциите. Секогаш мора да бидете силни. Тоа значи дека не смеете работите да ги сфаќате лично, јавно да зборувате за личниот живот и да бидете премногу неофицијални во извештаите. Вашите коментари и врски со луѓето можат да бидат користени против вас. Не ги проектирајте вашите несигурности врз вработените, ризикувате да предизвикате бунт.

Бидете дарежливи со искрен позитивен фидбек

Сè додека е искрено давањето на позитивен фидбек, бидете дарежлииви. Тоа многу помага за успешноста во работењето. Луѓето секогаш сакаат да слушнат убави зборови за добро завршената работа. Одвојте минута време да ги пофалите. Тоа нема да ви одземе многу време, а тие мејлови и зборови ќе бидат читани и дискутирани повторно и повторно.