Советот на Европската унија го усвои предлог-буџетот за 2025 година

21

Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија постигнаа договор за предлогот на Советот на ЕУ за буџетот за 2025 година, врз основа на вкупните буџетски расходи во износ од 191,53 милијарди евра и тековните долгови од 146,21 милијарди евра, соопшти унгарското претседателство со ЕУ.

Во соопштението на Советот на ЕУ се наведува дека Питер Банаи, државен секретар задолжен за јавни финансии, ја истакнал клучната важност на буџетот за спроведување на долгорочните приоритети и цели на ЕУ.

„Постигнатиот договор претставува добра почетна точка за преговори со Европскиот парламент, што се надеваме дека ќе овозможи буџетот да биде навреме усвоен. Предложениот буџет има за цел да обезбеди внимателно управување со буџетските средства и да остави маргини за непредвидени околности“, рече Банаи.