Фото: Pixabay
Во услови на брз раст на информатичките технологии и брзата промена на пазарните услови и конкурентноста, секоја компанија која сака да напредува и да оствари економски раст, порано или подоцна треба да воведе програм за деловно работење кој ќе го покрива целокупното работење на компанијата.
Тоа подразбира дека еден ваков софтвер треба да биде комплетно интегриран со целокупниот процес на работење, односно движењето на информациите, документите и физичкото следење на стоките и материјалите. Дополнителна придобивка од воведувањето на квалитетно софтверско решение е подобрувањето и оптимизацијата на процесите во компанијата, што придонесува податоците и информациите кои се генерираат, да се искористат за полесно согледување на состојбата во компанијата, намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста и полесно донесување на одлуки.
Еден комплексен софтвер за деловно работење треба да ги покрива сите аспекти од работењето и истите да ги “спакува“ во една целина – единствено решение за целата компанија.
Софтверот за деловно работење – PANTHEON, покрај модулите за целокупно материјално работење, продажба, набавки, залихи, финансии и човечки ресурси, го има и модулот за производство, кој овозможува следење и менаџирање на целокупниот производствен процес.
PANTHEON го покрива процесот на производство почнувајќи од планирањето на производството, евиденција на производствениот процес и анализа на резултатите од истото.
Планирањето на производството е една од најважните активности во производственото претпријатие. Добро планираниот процес на производство е превенција за преголеми залихи, за ненавремена набавка на материјали, како и за задоцнување при изработка на готови производи.
Планирањето на производството се состои од дефинирање на нормативите, односно спецификациите на производите, суровините од кои се составени, технолошката постапка и ресурсите кои се вклучени за нивна изработка. Дополнителна предност е можноста за дефинирање термински план во производството, што помага за оптимално и ефикасно искористување на производните машини и останати ресурси.
PANTHEON e одличен избор како за сериско производство, така и за производство по нарачка. Алатка во програмот овозможува креиње на работни налози по основ на различни критериуми. Покрај тоа, програмот врши контрола, со што е оневозможен повеќекратен пренос на одредени нарачки во работен налог. При обработка и изработка на работни налози, бројот на документот на купувачот има функција на врзан документ и ни овозможува во секој момент да го видиме статусот и степенот на реализација на нарачката.
PANTHEON ги поддржува сите процеси и на едноставното производство и на сложено производство. Основа на производството се спецификациите, односно нормативите, на кои ги имаме сите податоци за материјалите и операциите и работните налози, преку кои издаваме материјали и примаме производи. Работата ни ја поедноставува воведувањето на сериските броеви, со кои можеме детално да го следиме производот.
Воведувањето на сериските броеви овозможува производство според HACCAP стандардот, кои е најраспространет и најпознат кај индустриите за храна. Освен овој стандард, Pantheon работи и во согласност со GMP стандардот, HALAL и сл.
Од аспект на сложеното производство значајна е можноста за изработка на предкалкулации кои овозможуваат да ја пресметуваме цената на производот уште пред неговата изработка. Оваа функционалност е посебно значајна во одделите за развој и лансирање на нови производи. Производствениот менаџер одредува колку ќе го чини новиот производ уште пред да почне да го произведува, земајќи ги в предвид сите материјални трошоци, трошоци за работна рака, како и сите останати режиски односно индиректни трошоци.
Освен споменатата предкалкулација, постои и посткалкулација. Посткалкулацијата ги одредува реалните трошоци за производство, добиени врз основа на потрошениот материјал, како и индиректните трошоци кои сакаме да ги вклучиме. На располагање се повеќе видови посткалкулации, и детални и сумарни. Исто така има и споредби помеѓу предкалкулацијата и посткалкулацијата кои ни покажуваат колкави се отстапувањата од планираното и реалното производство.
Покрај посткалкулациите во програмот на располагање се и анализите на работните налози и со нив поврзаните документи. Помеѓу анализите наоѓаме анализи за состојбата на работните налози, состојба на отрпемниците и приемниците, недовршено производство и исписи на поврзаните документи. Сите анализи можеме да ги изведеме по различни комбинации на мерките.
PANTHEON врши целосна контрола на:
• Евиденција на потрошокот на материјали по работен налог
• Евиденција на часовите на работниците по работни налози и работни места
• Евиденција и следење на процесот на производство
Благодарение на системското следење на работните налози, имаме можност да генерираме бројни анализи, вклучувајќи:
• Анализа на отстапување на калкулациите
• Распределба на трошоците по работни налози
• Пресметка на работните налози по работници и извршена работа
Покрај ова, PANTHEON овозможува комплетно следење на:
Спецификации/Нормативи
- Спецификацијата ги содржи сите податоци за материјалите и операциите, кои се потребни за изработка на одреден производ
- Креирањето и ажурирањето на спецификациите се изведува директно во шифрарникот на иденти
- Можност за копирање и пренос на податоци од други составници
- Испис на составници по нивоа
- Исписи на составница, која содржи одреден материјал
Работни налози
- Произволен број на различни видови работни налози
- Едноставно креирање на работни налози
- Поедноставен пренос на нарачките на купувачите во работните налози
- Внес на реално потрошените количини на поединечни работни налози и ограничување на употребата
- Испис на работна документација
- Сопствени пресметки на сопствените цени
- Автоматско раздолжување на складиштата на суровини и пренос на готовите производи на складишта
- Норми на работа и преглед на достигнати норми
- Сервисни работни налози за потребите на сервисните работилници (нпр. автомеханичарска работилница)
Сериски броеви
- Изработка на производи, кои се водени по сериски броеви
- Следење и преглед на издадени сериски броеви
- Детален преглед на производ (tracking), кој е воден по сериски броеви со внес на сериски број
- Различни можности за водење на сериски броеви: поединечни, шаржни, составени, итн.
PANTHEON е флексибилен и се прилагодува согласно потребите на компанијата и процесот на производство. На овој начин производствените компаниите добиваат идеално решение, прилагодено според нивните потреби.