Совршен еколошки дом во само 17 метри квадратни

40

INDAWO_-lifePOD_lead-537x398Архитектката Клара да Круз Алмеида од Јоханезбург, дизајнираше и изгради дом што совршено се вклопува во жешката Јужно Афричка клима. Куќата наречена INDAWO / lifePOD, зафаќа површина од само 17 метри квадратни.

Домот има високи тавани, па така домаќинот може го искористи тој простор за чување на одредени работи на ѕидовите. Малата куќа е осветлена и се проветрува од сите страни. Страничните ѕидови се направени од проѕирно стакло што овозможува да влегува голема количина на светлина.

Долниот дел на домот може да се користи за било што, а моментално е опремен да служи како кујна.

Според Алмеида куќата ќе заштеди голема сума пари на сметките за струја благодарение на дизајнот и ефикасната искористеност на просторот.

pod4-1pods2 (1)pod3-1

cc