Создадена најмоќната компанија за производство на тенкови?

32

Двете најголеми одбранбени компании од Италија и Германија, Леонардо и Рајнметал, основаа големо заедничко претпријатие за производство на тенкови.

Договорот за основање заедничка компанија е потпишан на свечена церемонија во Рим, пренесува Анса.

Компанијата „Leonardo Rheinmetall Military Vehicles“ (LRMV) ќе има седиште во Рим, а производството ќе биде концентрирано во италијанскиот град Специја.

Двете компании ќе имаат по 50 акции во заедничкото вложување.

Генералниот директор на компанијата Рајнметал, Армин Пејпергер изјави дека со формирањето на „ЛРМВ“ се создава „нова тешка категорија во европското производство на тенкови“.