S&P: Енергетската криза нема да заврши ниту по повторното отворање на Ормутскиот теснец

Иако блокадата на Ормутскиот теснец би можела да трае до 2027 година, енергетската криза нема едноставно да заврши дури ни по неговото повторно отворање, според извештај објавен  од S&P Global Energy.

Дури и по отворањето на Ормутскиот теснец, ќе бидат потребни уште најмалку седум месеци за целосно обновување на производството на изворот, предупреди S&P, објавува CNN.

Според извештајот на компаниите, рокот од седум месеци подразбира дека нема трајна штета на енергетската инфраструктура и дека синџирите на снабдување функционираат „непречено“.