СП во Бразил ќе ги качи цените на хотелите до 229%

94

brazil1Во деновите кога се натреварите на Светското фудбалско првенство што од 12 јуни до 13 јули ќе се одржи во Бразил, цените на хотелите ќе растат и до 229%.

Според истражувањето на TripAdvisor, во Копакабана, туристичка населба во Рио де Жанеиро, просечната цена на хотелот надминува 471 евра на ден, што претставува зголемување од 229% споредено со деновите кога не се играат натпреварите. Во Рио просечната цена на еден хотел може да биде 328 евра на ден кога не се играат натпреварите, меѓутоа сепак зависи од поединечните населби, пренесува Seebiz.

Истражувањата укажуваат на разлики помеѓу цените во 12 градови домаќини на Светското првенство. Во Ел Салвадор растот на цените во деновите кога ќе се играат натпреварите е 212%. Во јуни и јули, цената на хотелите за еден ден во просек е 89 евра, а во деновите кога ќе се играат натпреварите цените ќе скокнат до 277 евра. Во Сао Паоло, просечниот пораст на цената на хотелите е за 60%, односно на 177 евра.

Бразил очекува дека во текот на Светското првенство ќе имат 600.000 странски посетители, на кои ќе им се приклучат околу три милиони Бразилци кои ќе циркулираат во државата во истиот период.