Space X лансираше 53 сателити Starlink

47

Американската компанија Space X во саботата лансираше 53 сателити за системот Старлинк во ниската орбита на Земјата, чија цел е да го донесат интернетот во неразвиените делови на светот.

Ракетата Фалкон 9 полета од Кејп Канаверал и ги постави сателитите во орбитата околу 16 минути по лансирањето.

Изминатата недела  SpaceX лансираше ракета со четворица астронаути кон Меѓународната вселенска станица, а меѓу нив беше и 600-от човек што полета во вселената во последните 60 години.