SpaceX ќе ви плати ако го хакирате Starlink

46

Компанијата SpaceX соопшти дека е подготвена „дебело“ да плати на секој кој ќе успее да ја хакира нејзината сателитска мрежа Starlink. Секој успешен обид ќе биде награден со до 25.000 долари, во зависност од тоа какви пропусти ќе се најдат.

Соопштението доаѓа откако специјалистот за сајбер безбедност Ленерт Вотерс изјави дека успеал да хакира претплатнички терминал на Starlink со помош на чип, чија изработка чинело 25 долари.

Вотерс додава дека неговиот напад ги направил терминалите на Starlink неупотребливи и овозможил произволен код да работи на нив.

SpaceX, пак, му честиташе на специјалистот за неговиот успешен обид за хакирање. Тие ги поздравуваат безбедносните истражувачи и ги уверуваат корисниците на Starlink дека постапките на Вотерс не можеле да имаат директно влијание врз сателитите, пишува Business Insider.

Сопствените инженери на компанијата редовно се обидуваат да го хакираат Starlink за да го подобрат нивото на услуга и безбедност, се вели во соопштението на SpaceX.

Компанијата најави дека ќе го награди секој што ќе најде ранливост. Износот на премијата варира од 100 до 25.000 долари. Условот е следен: пребарувањето за грешки не треба да го нарушува работењето на корисничките услуги, забранети се физички напади на инфраструктурата, како и манипулација на е-поштите.