SpaceX лансираше дополнителни 60 сателити во вселената

53

Американската компанија SpaceX лансираше дополнителни 60 сателити, што е една од многуте серии планирани за следната година.

Целта на компанијата е да обезбеди интернет на глобално ниво, со фокус на земјите каде што е тешко да се добие оваа услуга, пишува CNN.

“Интернет соѕвездието“ на SpaceX е наречено Starlink, а за истото да функционира потребни се стотици сателити што меѓусебно ќе “соработуваат“.

Првата серија беше лансирана во мај годинава, а компанијата планира уште 24 серии се додека не се изгради масивната интернет мрежа.

SpaceX, зад којашто стои Илон Маск, има дозвола од регулаторите за лансирање на уште 10.000 сателити во орбитата, а неодамна побара дозвола да додаде уште 30.000.

Фото: Facebook