Спачек би можел да се продаде за 200.000 евра

70

Уникатна копија на Citroën 2CV, популарниот Спачек, чија каросерија е направена од дрво, би можела да се продаде за меѓу 150.000 и 200.000 евра на аукција во Франција на 4 јуни, објавија организаторите Ајмерик и Филипе Руилак.

„Тоа е единственото дрвено возило во светот кое е во совршена возна состојба. Тоа е надвор од секоја конкуренција. Во исто време, тоа е уникатно возило и уметничко дело“, тврди Ајмерик Руилак.

Тие ја процениле цената што може да ја постигне дрвениот Спачек врз основа на „светскиот рекорд за 2CV“, кој е продаден за 176.000 евра. Овој модел го има „сиот потенцијал да го собори тој рекорд“, вели Руилак.

Каросеријата на 2CV е целосно изработена од дрво од овошни дрвја, за кое се погрижил пензионираниот француски столар Мишел Робилар, пишува Index.hr.

За изработка на браникот користел ореово дрво, а каросеријата ја изработил од дрво од круша и јаболко.

„Возилото го помина тестот за техничка контрола, има сообраќајна дозвола од 1957 година, е регистрирано и може да вози на пат“, објасни Ајмерик Руилак. Столарот Робилард, кој веќе изработувал дрвени модели за Ферари.