Специјална кутија за ремени – изум на Црногорец што на Kickstarter досега собра над 6.600 долари

113

kutija za remeni

Belt organizer, односно специјална кутија за ремени е нов и уникатен начин за организирање на сите ремени, пишува на платформата за групно финансирање, Kickstarter.

belt organizer

Зад овој проект стои Андан Лекиќ од Црна Гора, кој веќе неколку години живее во Њујорк. Досега доби поддршка од 103 backers – инвеститори и собра 6.665 долари. Крајната цел е да се соберат 30.000 долари за што му остануваат уште 27 дена.

belt org

“Идејата за овој изум се роди додека и помагав на мојата сопруга да ја среди спалната соба. Скоро завршивме со сите работи и единствено што остана беше да се средат моите ремени што беа поставени на полицата во ормарот. Имав слика во главата за тоа што ми беше потребно да се средат моите ремени, се обидов да и објаснам на мојата сопруга, која ми рече: Ти имаш иновација. Во тој момент почнав низ интернет да пребарувам дали постои нешто во светот“, вели Лекиќ.

kutija prbna

Првиот тест го направил благодарение на метален сад за вафли што го нашол во неговата кујна.

sleden obid

Веќе следниот обид го направил со пластична цевка, а потоа се нижеа уште неколку обиди додека не го пронајде идеалниот начин и форма за организирање и чување на ремените.

kutija za remeni spalna

Најновиот прототип содржи повеќе прегради и во секоја од нив може да се смести по еден ремен. Кутијата може да се постави на ѕид или пак во некој мал агол бидејќи не зафаќа многу простор, но пружа голема функционалност.