Специјална олимпијада Македонија во проектот Заедно до медали

26

Заедно до медали е проект, со која ја следиме делгацијата на Специјална олимпијада Македонија пред и по Летните олимписки игри Абу Даби 2019.

Составен е од два дела, обука за социјални медиуми за екипата која патуваше на олимпијада, со цел редовно информирање за успесите кои таму ги постигнуваа и  медиумски дел, ТВ стории за трите тима, атлетика, пливање и јунифајд кошарка кои се квалификуваа за игрите.

ТВ сториите Заедно до медали се авторство на волонтерите на Специјална олимпијада Ана Зафирова – новинар, Сашо Доковски – снимател и Радован Петровиќ – монтажер и режисер. Нивното емитување ќе биде секој петок и ќе започнат од утре, 14 јуни 2019 во рамки на утринската програма на МТВ Македонија наутро.

Со овие стории нашата јавност ќе има можност детално да ги запознае комплетните тимови кои учестуваа на Олимпијадата, како и потенцијалите, можностите и доживувањата на атлетите на олимписките игри и влијанието кое го имаат од нив.

Реализацијата на Заедно до медали е на здружението Специјална олимпијада Македонија, поддржанo преку проектот Попреченоста е прашање на перцепција, што го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините во видеото се единствена одговорност на авторот и на Специјална олимпијада Македонија, и во никој случај не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Европската Унија.