Спиеше на подот од канцеларијата, а сега е една од највлијателните луѓе на Твитер

39

Се сеќавате на Естер Крафорд? Поранешната директорка за управување со производи на Твитер која спиеше на подот од канцеларијата кога Маск делеше откази? Па, изгледа тој потег и се исплатеше.

Да потсетиме, во ноември, Естер ја сподели својата фотографија со коментар: „кога твојот тим работи дење и ноќе со рокови, тогаш #спиетекадештоработите“.

Нејзината фотографија набрзо стана вирална, а многумина ја критикуваа дека ја оправдува токсичната работна средина во Сан Франциско.

Сепак, како што пишува „Фајненшл тајмс“, таа навистина остана под покривот на компанијата и на значително подобро место, како една од највлијателните лидери оставена од старата гарда, според приказна за поранешни и сегашни вработени во Твитер.

Извори за ФТ изјавија дека Крафорд му се претставила на Маск и обезбедила средба со него еден на еден за да разговараат за плаќањето и креаторите. Овој потег налути многу високи лидери.

Очигледно на Маск му се допадна она што го слушна.

Таа неодамна беше именувана за извршен директор, а упатените велат дека таа е дел од внатрешниот круг на Маск на Твитер – една од само неколкуте жени на оваа позиција.

Како што велат вработените, или ја сакате Крафорд или ја мразите.

Некои ја гледаат како некој со харизматична енергија потребна за да помогне во трансформацијата на бизнисот на Твитер, додека други ја гледаат како опортунистка.

Крафорд се приклучи на компанијата во 2020 година, а претходно работеше како влогер.