Сплит добива улични сензори за паметно паркирање

45

parkirana-kola-pexels

Фото: Pexels

Град Сплит ќе започне со поставување на иновативна технологија, којашто преку активирање на апликацијата Smart Split parking на граѓаните ќе им го олесни паркирањето и ќе го намали градскиот метеж, пишува хрватски Лидер.

Целокупното вградување и поврзување на сите улични сензори во еден систем е планирано за март следната година. Овој систем нуди практично решавање на проблемот со паркирање, како и поедноставено плаќање на услугата за паркирање или пријава на непрописно паркирани возила.

Безжичните сензори ќе бидат инсталирани на 43 паркинзи со вкупно 1360 паркинг места.

Сите корисници на апликацијата во реално време ќе имаат увид на слободни паркинг места, колку се зафатени и каде има специјално обележани места за лица со инвалидитет. Апликацијата, исто така, нуди и можност за навигација до слободното паркинг место.