Спор вреден 117 милиони евра: Сбербанк бара од Гленкор да плати за испорачаната нафта

40

Сбербанк, една од најголемите руски банки, покрена спор пред Московскиот арбитражен суд против британскиот гигант Гленкор и бара исплата на договорената сума и пенали поврзани со два договори за снабдување со нафта.

Вкупната вредност на спорот е околу 117 милиони евра, а се однесува на исплата на нафта испорачана на украинско-унгарската и на украинско-словачката граница во март оваа година, објави SeeBiz повикувајќи се на Reuters.

Сбербанк потврди за новинската агенција дека го иницирала спорот како „присилна мерка“, по неколку неуспешни обиди да се постигне вонсудско решение.

Првото рочиште за спорот меѓу Сбербанк и Гленкор е закажано за 6 декември пред Арбитражниот суд во Москва.