
Европскиот енергетски систем во моментов е нестабилен и може да се соочи со проблеми и недостиг, тврди рускиот енергетски гигант Газпром.
„Системскиот дефицит на енергетски производи не исчезна, што се манифестира не само во повисоките цени во однос на годините пред пандемијата на корона вирусот, туку и во стабилното контанго“, велат високите менаџери на Газпром, Сергеј Комлев и Александар Шапин, пренесува Ројтерс.
Како што е наведено од investopedia.com, контанго значи ситуација во која фјучерс цената на стоката е повисока од очекуваната спот цена, што сигнализира очекувања дека цената на оваа стока ќе расте во иднина.
„Ваквото движење на цените значи дека, според учесниците на пазарот, системот за енергетска безбедност во Европа, изграден во вонреден режим, е нестабилен и се соочува со нови предизвици“, заклучуваат менаџерите на „Газпром“.











