Spot Mini – робот што ги завршува сите домашни задачи

2

spot mini Роботската компанија Boston Dynamics, којашто е во сопственост на Google, претстави ново видео од нивниот робот што го носи името Mini Spot, пишува Tech Insider.

Овој робот е дизајниран за помош при извршување на домашните задачи, како што е поставување на садови во машината за миење, носење храна и пијалаци и слично.  Spot Mini без никаков проблем може да се движи по скали. Роботот има и додатокот што потсетува на глава од диносаурус може да носи лименки и чаши.

Во видеото може да се забележи како Spot Mini беспрекорно ги извршува домашните задачи, но штом наиде на лушпа од банана веднаш се лизга и паѓа.