Spot – робот што ја враќа рамнотежата по добиен удар

27

spot boston dynamics

Роботската компанија Boston Dynamics, која што Google ја купи во 2013 година, е препознатлива по роботите дизајнирани за движење по нерамен терен, пишува порталот The verge.

Еден од најпознатите роботи е Big Dog, што сега доби помала и пофлексибилна реплика. Овој робот има четири хидраулични нозе, посебен сензор поставен на главата, а она по што е поинаков е неговата способност да остане исправен кога се искачува и да се стабилизира при удари.

Spot е името на роботот што се одликува со прецизност при движењето, а доколку “заработи“ некој удар, неговите сензори му ја враќаат потребната рамнотежа.