Spotify го тестира воведувањето на едукативни видео курсеви на платформата

19

Шведската платформа за стриминг на музика Spotify тестира воведување едукативни видео курсеви во својата понуда.

Spotify во соработка со компании како BBC и Skillshare ќе го лансира сервисот прво во Велика Британија, а најмалку првите две лекции ќе бидат бесплатни, пренесува TechCrunch.

Цената на целиот курс ќе се движи помеѓу 20 и 80 фунти, односно од 23,3 од 93,3 евра, без разлика дали корисникот има основен или премиум пакет.