Спречување на одбивање

26

no-pixabay

Фото: Pixabay

Никој од нас не сака да биде одбиен, ако замоли за некоја услуга. Од таму потекнува и самиот проблем.

„Зошто би прашал некого за нешто, кога тој/таа можеби ќе ме одбие? Ајде, подобро ќе си молчам отколку да кажам нешто…“ и така проблемот продолжува до недоглед.

Секое одбивање си има свои последици. Во зависност од тоа како го разбирате одбивањето, такви се и последиците, но најчесто не сме свесни за нив, дури малку подоцна… можеби…

Одбивањето може да се гледа од аспект на неприфаќање на вашите идеи и предлози, но и од аспект на ментално одбивање. Какво и да е, одбивањето не е убаво, па затоа и прашањето, како да го превенираме одбивањето:

  • Идеја/мисла – имајте идеја, идеја којашто ќе биде возможна, остварлива и решение за некој проблем. Немојте да „летате“. Бидете си реални.
  • Секогаш бидете подготвени – пред да започнете во развојот на концептот, направете истражување за потребноста на концептот, за развојот, за бенефитите, а после тоа пред кого сакате да презентирате, кој сè би требало да биде вклучен…
  • Планирање – испланирајте сè до најситен детаљ и имајте ги информациите, по можност од релевантни места. За да направите добро истражување, ќе треба да вклучите и други луѓе.
  • Време – сè е ова погоре убаво напишано, веројатно и го знаете, но за сето ова е потребно време. Немојте да биде прекратко, но немојте да планирате со месеци (во зависност од тежината на проблемот). А воедно испланирајте го и времето кога сакате да го презентирате или објавите.
  • Чисто и едноставно – кога ќе презентирате, сето тоа треба да биде стокмено, така што едноставно никој да нема дополнителни прашања, бидејќи вие ќе се погрижите сè да биде кажано со презентирањето. Употребувајте едноставен и разбирлив јазик.
  • Држете се до релевантното – во зависност од тоа пред кого презентирате, тоа ќе биде важно и ќе се придржувате кон него. Немојте да бегате од темата. Дозволено е бегање од темата само ако тоа ви иде во прилог. Вие го водите разговорот, а не другите.
  • Употребувајте правилна комуникација – најчесто вербална, но тука е дозволено и говорот на телото, но само ако знаете како да го работите, во спротивно, бидете си свои.
  • Предложете остварливо решение – на крај мора да имате решение и тоа да биде лесно остварливо. Под лесно, не значи само навистина лесно, туку и да е реално остварливо, можеби ќе чини многу, но бенефитите се големи, итн.

Справувањето со одбивањето е нешто на што се работи постојано. Не за друго, во животот ќе бидеме многу пати одбиени, но мораме да се научиме да ги пребродуваме проблемите.

Ако имате прашање за Калин Бабушку, можете да го поставите на Бизнис советник.