Спутник V ќе се произведува и во Италија

31

Италијанско-руската стопанска комора објави дека Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) потпишал договор со швајцарската фармацевтска компанија Adienne за заедничко производство на вакцината против коронавирусот Спутник V во Италија, пренесува Ројтерс.

Комората во соопштението објави дека овој потег го отвора патот за создавање на првиот производствен погон Спутник V во Европа, а плановите за италијанското производство да започнат во јуни.

Се очекува врз основа на овој договор, околу 10 милиони дози вакцина Спутник V да бидат произведени во Италија до крајот на годината.

Меѓу земјите со кои рускиот фонд разговара за соработка се и Германија и Франција.

Фото: Facebook