Србија: 67.000 работници дома поради коронавирусот

33

Во Србија 67.000 работници се дома, бидејќи компаниите во коишто работат се затворени поради пандемија од коронавирусот, пренесуваа тамошните медиуми.

Според директорот на Секторот за стратешки анализи на Стопанската комора на Србија, Михајло Весовиќ, вкупно 168 компании во земјата го запреле производството.

“Целосно се променија правилата на игра во решавање на кризата, сега фокусот е кај државите да го зачуваат здравствениот и социјалниот систем. Важно е дека економијата покажа завидна доза на разбирање за проблемите со коишто се соочуваме. Влегуваме во фаза кога компаниите трпат сериозни последици. Сега во Србија имаме 67.000 работници кои се дома, 168 производни компании што го запреа производството“, вели Весовиќ.

Хотелската индустрија, според него, била прва што паднала на “колена“, приходите што претходно им биле десетици илјади евра на дневно ниво, сега се заменети со приходи од неколку стотина евра.

Фото: Pixabay