Србија: Час работа во јавните претпријатија скоро четири пати поплатен отколку кај приватниците

23

dinari

Час работно време во јавните претпријатија во Србија се плаќа скоро четири пати повеќе отколку во приватниот сектор, изјави советникот на Економскиот институт Светлана Кисиќ, пишува еКапија.

“Кога ќе ги поделите примањата со часовите, добивате дека еден час во јавниот сектор се наплаќа 809 динари (411 денари), а во приватниот 226 динари (115 денари)”, наведе Кисиќ на бизнис форумот на Копаоник, на панелот за реформите на државната управа и јавниот сектор.

Истражувањето покажало дека вработените во приватниот сектор дневно работат во просек 7,18 часа, а во јавните претпријатија 3,45 часа.