Србија добива складиште за нафта вредно 400 милиони евра?

265

Србија размислува за изградба на складиште за нафта со неколку компании чија вредност е околу 400 милиони евра, а во преговорите најдалеку напреднале преговорите со швајцарските инвеститори.

Претседателството и Владата повеќепати кажаа дека земјата се подготвува за сите сценарија за да обезбеди сигурно снабдување на домашниот пазар со нафта и деривати, а овие преговори го потврдуваат тоа, пишува Новости.

Додека бараат партнер, паралелно се водат преговори со руската страна за да се избегне можноста земјата да биде погодена од санкциите на Европската унија.