Србија е лидер во регионот според резервите на злато, Македонија втора

52

Според последните податоци на Светскиот совет за злато, Србија со 38,1 тони златни прачки е водечка земја во регионот по количината на овој благороден метал депониран во трезорите на Народната банка на Србија.

На второ место на Балканот е Северна Македонија со 6,9 тони златни резерви, Словенија со 3,2 тони и Босна и Херцеговина со три тони злато.

На последното место е Црна Гора со 1,09 тони, додека Хрватска не е на листата од 100 рангирани земји.

Речиси целото количество „жолто богатство“, кое Србија ја рангира на 54. место во светот, е произведено во Зијин Koпер Србија.

Компанијата „Зијин Koпер Србија Жиѓин Копер“ (Zijin Copper Serbia) за три и пол години и продаде на Народната банка на Србија 5,74 тони злато, соопшти  компанијата.

Тоа количество злато е произведено во единствената фабрика за добивање злато во Србија, која како дел од компанијата работи од 18 декември 2018 година, кога кинеската „Зијин“ склучи договор за стратешко партнерство со државата Србија и презеде 63 отсто од сопственоста на поранешниот РТБ Бор.

Целата количина на произведено злато, според српските закони, мора прво да и се понуди на Народната банка на Србија, а само во случај таа да одбие да го купи по берзанската цена, Зијин може да побара дозвола за извоз.

Тоа досега не се случило, што значи дека златото произведено во оваа компанија останува во Србија.

За само шест месеци од годинава се произведени, продадени и испорачани во Народната банка дури 852 килограми злато, наведува Зијин Koпер Србија пренесува Танјуг.

Според економските експерти и банкарските аналитичари, златото е најдобрата и најбезбедна инвестиција, особено во турбулентни времиња во целиот свет поради руско-украинскиот конфликт.