Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска разговараше со директорот на Институтот Гамалеј во Москва, академик Александар Гинзбург, за натамошната соработка меѓу двете земји во областа на науката и образованието, со посебен фокус на развојот на вакцините против онколошки заболувања.
Вучевиќ се заблагодари на поддршката на руската влада и Институтот Гамалеј за време на пандемијата, особено на испораката на руски вакцини и размената на информации, што, како што рече, спасило голем број животи.
Премиерот посочи дека Србија одговорно планира стратегии за идното производство на вакцини, вклучително и подготовки за евентуални нови пандемии, нагласувајќи ја важноста на ваквите проекти за суверенитетот на државата.
Гинзбург оцени дека Србија има значителен потенцијал за производство на вакцини и најави дека идната соработка ќе опфати заедничко истражување, развој на вакцини и размена на знаења, што ќе ги подобри здравствените системи на двете земји.