Србија е заинтересирана за развој на вакцина против онколошки заболувања во соработка со рускиот институт Гамалеј

80

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска разговараше со директорот на Институтот Гамалеј во Москва, академик Александар Гинзбург, за натамошната соработка меѓу двете земји во областа на науката и образованието, со посебен фокус на развојот на вакцините против онколошки заболувања.

Вучевиќ се заблагодари на поддршката на руската влада и Институтот Гамалеј за време на пандемијата, особено на испораката на руски вакцини и размената на информации, што, како што рече, спасило голем број животи.

Премиерот посочи дека Србија одговорно планира стратегии за идното производство на вакцини, вклучително и подготовки за евентуални нови пандемии, нагласувајќи ја важноста на ваквите проекти за суверенитетот на државата.

Гинзбург оцени дека Србија има значителен потенцијал за производство на вакцини и најави дека идната соработка ќе опфати заедничко истражување, развој на вакцини и размена на знаења, што ќе ги подобри здравствените системи на двете земји.