Србија фрла 250.000 тони храна годишно

30

gubre

Според неофицијални информации, во Србија годишно во контејнерите завршуваат 250.000 тони храна. Најголем дел се фрла поради строгите рокови за продажба, големи понуди, лошо чување. Граѓаните храната најчесто ја фрлаат поради истечен рок, пишува Телеграф.рс.

Од друга страна, во Србија преку 45.000 луѓе единствениот оброк во денот го добиваат од Народните кујни. Од нив, 11.000 се деца. Иако Народните кујни добиваат донации и од трговските ланци и од приватни донатори, треба многу повеќе за да се подигне свеста кај луѓето кога е во прашање фрлањето на храна.

Во светот годишно се фрла скоро една третина од произведената храна, што изнесува 1,6 милијарди тони. Директниот трошок за фрлената храна годишно изнесува 750 милијарди долари.