
Во 2023 година, надлежните подружници на Националната служба за вработување издале вкупно 50.397 работни дозволи на странски државјани во Србија.
Најмногу работни дозволи се издадени на државјани на Руската Федерација, а потоа следат Кина, Турција, Индија и Непал. На Русите им се издадени 19.645 работни дозволи, покажуваат податоците на Министерството за труд и вработување.
Според податоците на NSZ, од почетокот на годинава во Србија се вработени 10.198 Кинези, како и 4.946 турски државјани, 4.914 работници од Индија и 1.074 од Непал.
Од почетокот на годинава на сезонски работни места во земјоделството се ангажирани 1.091 странец, пренесува Политика.











