
Сите земји од Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици кога станува збор за развој на проекти за обновлива енергија, истакна во четврток, на конференцијата „Обновливи извори на енергија Србија 2025“ во Врдник, директорот за Источна Европа на „Фортис Енерџи“, Никола Оклобџија, и додаде дека Србија и Албанија отишле најдалеку во дефинирањето на правната рамка.
„Северна Македонија го основа Министерството за енергетика дури минатата година. Во Босна и Херцеговина имаме проект во развој, на меѓуентитетската граница, па затоа има предизвици бидејќи правилата на играта не се униформни од двете страни“, рече Оклобџија.
Тој изјави дека неговата компанија има повеќе од 1,6 гигавати проекти во развој во регионот на Западен Балкан.











