Србија и Црна Гора наскоро без двојно оданочување

24

evraСрбија и Црна Гора наскоро ќе потпишат договор за избегнување на двојно оданочување, како основа за продолжување на добрата економска соработка меѓу двете земји, соопштено е вчера по разговорите меѓу црногорскиот министер за финансии Радое Жугиќ и амбасадорот на Србија во Подгорица, Зоран Бунгулац, јавува Танјуг.

Жугиќ и Бингулац разговарале за поддршка за воспоставување на платен промет, со цел пропулзивна интеракција меѓу банките на двете држави, соопштуваат од црногорската влада. Соговорниците се согласиле дека регионалната соработка меѓу двете држави е основа за економски и европски интеграции.