Србија и Италија подготвуваат заедничко производство на соларен автомобил

87

Додека агендата во Европа е помасовно производство и употреба на електрични автомобили и постепено повлекување од пазарот на мотори со внатрешно согорување, Србија и Италија создаваат нов соларен автомобил на иднината.
Автомобилот се вика Emilia4 и е симбол на одржливата мобилност и иднината, соопштија српските власти, цитирани од локалните медиуми.

Всушност, станува збор за соларен електричен автомобил кој работи на соларна енергија и е произведен од Alma Mater Studorium – Универзитетот во Болоња, како дел од билатералниот проект за научна соработка со Србија, кофинансиран од Министерството за надворешни работи на Италија.

Како што сугерира името, Emilia4 е со четири седишта, кој во својата оригинална верзија е градски автомобил кој може да се движи до 65 км/ч. Автомобилот е придвижуван од два електрични мотори кои трошат енергија еднаква на обичен фен за коса од 1.200 вати, се вели на веб-страницата на италијанската амбасада во Србија.

Благодарение на неговите уникатни карактеристики, автомобилот се напојува исклучиво од сончева енергија, така што може да работи без надворешно полнење на батеријата.