Србија: Италијанска компанија инвестира во органско производство на лешници

28

lesnici

Италијанската компанија Rigoni di Asiagio ќе започне органско производство на лешници на површина од 190 хектари во српската општина Неготин, а вкупната вредност на инвестицијата ќе биде од 20 до 30 милиони евра, пишува Танјуг.

Таа компанија планира во иднина да закупи уште 3.000 хектари земјиште на тоа подрачје.

Генералниот директор на Rigoni di Asiagio, Андреа Ригони, најави дека во следните години ќе почнат со одгледување и на други видови на овошје, како што се кајсии, вишни, малини и слично.