Србија ќе бара од Брисел измена на договорот за либерализација на увозот

24

carinaСпоред Договорот за стабилизација и придружување, од јануари 2014 година Србија мора својот пазар скоро во потполност да го отвори за непречен увоз на земјоделско-прехранбени артикли од земјите од Европската унија. Царинската заштита останува само на некои видови овошје и зеленчук, млеко, месо и месни преработки. Владата во Белград почна да стравува дека слободниот увоз би можел да го уништи националниот аграр, за кој многу се издвојува од буџетот, па се најавува дека до крајот на јануари ќе пратат барање во Брисел за измена на договорот за либерализација на увозот, пишува Пословни дневник.

Како една од причините поради кои бара одложување на примената на Договорот, Србија наведува дека договорот е потпишан во време кога сметале дека до 2014 ќе бидат влезени во ЕУ. Меѓутоа, од денешна позиција се уште е неизгледно кога и дали ќе се случи приклучување кон Унијата.

Во упатените кругови се оценува дека се мали изгледите Европската комисија да покаже разбирање за српските проблеми.

Земјоделието е главна стопанска гранка во Србија. Минатата година во надворешно-трговска размена е остварен суфицит од 1,25 милијарди долари. Најмногу се извезува во земјите од регионот, но и на пазарите на ЕУ.