Србија ќе бара стратешки партнер за Галеника

30

galenika-660x350

Српскиот министер за економија Жељко Сертиќ изјави во четвртокот дека во февруари ќе биде распишан јавен тендер за стратешки партнер за фармацевтската компанија Галеника. Сертиќ додаде дека веќе има неколку заинтересирани фирми, јавува Танјуг.

Министерот очекува стратешкиот партнер да внесе свеж капитал и знаење, да го зголеми производството и од профитот да почне да ги враќа долговите.

Галеника има долг од над 200 милиони евра.

Оваа фармацевтска компанија е основана во 1945 година, а основна дејност и е производство на лекови, фармацевтски суровини, парафармација и дентални производи.