Србија: Ќе се прави градежен материјал од пепел

51

pepel

Градежните материјали во Србија наскоро ќе бидат двојно поевтини, затоа што од пепелот од термоцентралите ќе се прават патишта, брани, насипи, ќе се произведуваат градежни блокови и плочи, изјави директорката на ТЕ Морава, Марија Стевановиќ, пишува Блиц.

Оваа централа, прва во системот на Електростопанство Србија ќе започне со практична примена на ваквата технологија.

Во соработка со Градежниот факултет од Белград и други институции, оваа електрана започна проект за решавање на депонијата со пепел која се протега на 30 хектари, во слој од неколку метри, што бара големи трошоци за одржување.

Според Стевановиќ, оваа година ќе почнат да се градат сообраќајници од пепелот во рамките на централата. Проектот е пробен, а во тек се интензивни разговори со фирми за производство на бекатон плочи.

Според професорот на Градежниот факултет, Јован Деспотовиќ, научно докажале дека пепелот нема никакво негативно влијание ниту врз човекот, ниту врз животната средина.