Србија минатата година извезла 14.252 тони вишни, што е најголема количина во светската трговија, пишува Makroekonomija.org.
Унгарија е втора со продадени 10.322 тони, Полска со 5.210 тони и САД со 3.176 тони. Србија, како што се наведува, имала четвртина од вредноста на извозот, веднаш зад САД, Канада и Унгарија, бидејќи првите две земји продаваат вишни по 10 пати повисока цена, а Унгарија за околу 50%. Просечната извозна цена од Србија била 570 евра по тон.
Србија била во можност да продава најголема количина на вишни, благодарение на извозот во Русија, којшто од 2012 година е зголемен за 6,2 пати. Скоро три петтини од извозот е наменет за Германија, но од тогаш вредноста е намалена за две петтини. Српските вишни најмногу се извезуваат и во Босна и Херцеговина, Австрија, Унгарија, Италија и Романија.
Најголем дел од насади на вишни има во јужниот и источниот дел на Србија (70%), потоа во Шумадија и западна Србија (13,8%), Војводина (11%) и во Белград најмалку (5,3%).
Фото: Pixabay