Србија: На црниот пазар за облека се вртат 700 милиони евра годишно

74

sr

Увозот на половна облека претставува силен удар на српската текстилна индустрија и не постои механизам за контрола кој би спречил трговците веќе носена облека да ја продаваат како ексклузивна и нова, вели секретарот на Здружението за индустријата за текстил при Стопанската комора на Србија, Милорад Васиљевиќ, пишува Вечерње новости.

“Дефинитивно треба да се заострат контролите, затоа што загубата е двојна. На нашите текстилци им опаѓа прометот, затоа што имаат нелојална конкуренција, се гасат работни места, а купувачите се доведуваат во заблуда дека купуваат нешто добро и квалитетно, а всушност купуваат облека од втора рака. Трговците увезуваат маици, панталони, здолништа за две до три евра по килограм, ги носат на хемиско чистење и ги продаваат како нови”, вели Васиљевиќ.

Според неофицилајни податоци, црниот пазар во Србија остварува приход од околу 700 милиони евра, со што државата губи околу 470 милиони евра поради неадекватно платени царина, ДДВ, данок и продонеси.

Текстилната индустрија во Србија е уништена со санкциите во деведесеттите, лошите приватизации по 2000-тата, а ако вака продолжи, ќе ја задуши нелојалната конкуренција и прекумерниот увоз од Кина, Турција и ЕУ, пишува Новости.