Србија на кинеските банки им должи три милијарди долари

82

Директорката на Центарот за азиски студии Драгана Митровиќ изјави дека според минатогодишниот ребаланс на буџетот долгот на Србија кон Кина во моментов е над три милијарди долари.
Во исто време, некои договорени работи сè уште не се вклучени во тој долг, па проектите како изградба на канализација низ Србија, белградското метро и други големи проекти сè уште не се дел од пресметката.

Таа за ТВ инсајдер изјави дека долгот на Србија кон Кина, кога ќе се вклучат и други заеми кои сè уште не се платени, веројатно е околу 10 милијарди долари.
Таа истакна дека износот на кинеските инвестиции е релативно скромен во однос на износот на кредитите што Србија ги земала од таа земја.

„Ова беа првите директни инвестиции, но се останато се заеми и кредити за финансирање инфраструктурни проекти од областа на транспортот и енергетиката, кои доминантно ги реализираат кинески компании надвор од тендерот“, додаде Митровиќ.

На прашањето кој има корист од ваквата соработка, Митровиќ одговори дека кинеските кредити првично биле поволни и единствени достапни за Србија, но тоа во меѓувреме се променило.

Митровиќ истакна дека најголем дел од поплаките се од граѓани поради „деградирање и безмилосен третман на кинеските компании кон еколошките проблеми“. Таа истакна дека е „многу тешко да се објасни и одбрани“ фактот дека во најплодниот дел на Србија постои, како што рекоа кинеските инвеститори, најголемата фабрика за производство на гуми.